Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Гутереш за глобалното затоплување: Светот е на пат кон катастрофа

Гутереш за глобалното затоплување: Светот е на пат кон катастрофа
300x250 opst2

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи дека светот е на пат кон катастрофа, доколку владите не се обврзат на поамбициозни намалувања на емисиите на штетни гасови, со цел да се запре глобалното затоплување и неговите последици.

Новиот извештај на ОН, што содржи преглед на сите национални обврски поднесени од потписниците на Париската климатска спогодба до 30 јули, наведува дека тие ќе доведат до зголемување на емисиите на штетни гасови за речиси 16 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 2010 година

Парискиот климатски договор ја постави целта глобалното затоплување да се задржи под два Целзиусови степена до крајот на векот, а идеално на максимални 1,5 степени, додека експертите велат дека планетата веќе се загреала за 1,1 степен Целзиусов во споредба со прединдустриското време.

„Светот е на катастрофален пат за загревање до 2,7 Целзиусови степени“, нагласи генералниот секретар на ОН.

Тој додаде дека е неопходно емисиите да се намалат за 45 отсто до 2030 година, со цел да се постигне неутралност на јаглерод до средината на векот.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа