Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Гутереш: Вакциналниот национализам е голема грешка

Гутереш: Вакциналниот национализам е голема грешка
300x250 opst2

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека вакциналниот национализам е голема грешка и дека производството на вакцини за коронавирус треба да се зголеми двојно.

„Некои нации го вакцинираат своето население многу брзо, но сепак имаме земји, особено оние во развој, каде што повеќето не добиле ниту една доза. Значи, генерално, имаме драматична разлика помеѓу земјите кога станува збор за вакцинацијата“, рече Гутереш за руските медиуми.

„Значи, вакциналниот национализам е голема грешка. Јасно ми е дека светското производство на вакцини мора да се удвои за да се исполнат сите потреби и затоа мора да соработуваме, особено оние земји што имаат капацитет за производство на вакцини“, рече првиот човек на Обединетите нации.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите