Утрински Весник
Свет

„Гугл“ гради подморски кабел што ќе ги поврзува САД, Велика Британија и Шпанија

„Гугл“ гради подморски кабел што ќе ги поврзува САД, Велика Британија и Шпанија

„Гугл“ објави дека планира да постави подморски кабел наречен по американскиот контраадмирал Грејс Хопер.

Кабелот ќе ги поврзе САД, Велика Британија и Шпанија.

Според официјалното соопштение, кабелот ќе создаде мрежа што ќе им помогне на потрошувачите и на корпоративните производи на „Гугл“ да бидат пофлексибилни.

Бикеш Колеј, потпретседател на глобалната мрежа на „Гугл“, рече дека откако ќе се заврши, кабелот „Грејс Хопер“ ќе биде еден од првите кабли што ги поврзуваат САД и Велика Британија од 2003 година“, додавајќи дека ова е прва инвестиција на компанијата во приватен подморски кабел кон Велика Британија, како и прв воопшто до Шпанија.

„Гугл“ управува со неколку други подморски кабли, меѓу кои и еден од Португалија до Јужна Африка, еден во Чиле што им служи на клиентите на „Гугл“ во Латинска Америка и друг што ги поврзува САД и Франција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе во Турција

Четири лица загинале, а 14 повредени во пожар во станбена зграда во Франција