Утрински Весник
Свет

Белата куќа ја намалува помошта за невработените

Белата куќа ја намалува помошта за невработените

Белата куќа и републиканскиот Сенат планираат да ги намалат неделните давачки за невработените во рамки на помошта поради коронавирусот, пишува „Вашингтон пост“.

Демократите во Претставничкиот дом предложија продолжување на тековната програма, која истекува кон крајот на месецот, додека Сенатот има намера да ја намали помошта на 200 американски долари се додека државите на САД не се подготват да спроведат нов пристап со кој на работниците ќе им се исплатува 70 проценти од она што го имале пред да го загубат работното место поради кризата предизвикана од коронавирус.

Администрацијата на Трамп и лидерите на републиканците во Сенатот се очекува да ја објават својата програма за помош од милијарди долари.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела