Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Луганск: Русите окупираа хотел во предградието на Северодонецк, но градот не е отсечен

Украинскиот гувернер на Луганск Серхиј Хаидаи изјави дека Северодонецк, последниот голем град контролиран од Украина во регионот, сè уште „не е отсечен“.

Хаидаи наведува дека руските сили интензивно го гранатираат Северодонецк, индустрискиот центар и последното големо упориште на украинските бранители во Луганск.

„Гранатирањето продолжува. Руската армија го уништува градот, напаѓа со секакво оружје. Руските сили влегоа во предградието, во хотелот Мир. Не можеме да ги избркаме од хотелот, но тие имаат многу мртви. Нашите бранители ги задржуваат“, напиша гувернерот.

„Северодонецк не е отсечен, но камионите не можат да минуваат по патот, само автомобили. На патот од Лисичанск до Бакмут беше пукано врз многу автомобили. Опасно е да се вози по тој пат“, рече Хаидаи.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад