Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Луганск: Русите окупираа хотел во предградието на Северодонецк, но градот не е отсечен

Dik 300x250 mk

Украинскиот гувернер на Луганск Серхиј Хаидаи изјави дека Северодонецк, последниот голем град контролиран од Украина во регионот, сè уште „не е отсечен“.

Хаидаи наведува дека руските сили интензивно го гранатираат Северодонецк, индустрискиот центар и последното големо упориште на украинските бранители во Луганск.

„Гранатирањето продолжува. Руската армија го уништува градот, напаѓа со секакво оружје. Руските сили влегоа во предградието, во хотелот Мир. Не можеме да ги избркаме од хотелот, но тие имаат многу мртви. Нашите бранители ги задржуваат“, напиша гувернерот.

„Северодонецк не е отсечен, но камионите не можат да минуваат по патот, само автомобили. На патот од Лисичанск до Бакмут беше пукано врз многу автомобили. Опасно е да се вози по тој пат“, рече Хаидаи.

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови