Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Донецк: Жестоките борби траат со денови, западното оружје ни помага многу

Гувернерот на Донецк: Жестоките борби траат со денови, западното оружје ни помага многу

Украинскиот гувернер на источниот регион Донецк, Павло Кириленко, за Би-би-си изјави дека во регионот се водат жестоки битки.

„Борбите продолжуваат секој ден и траат цел ден“, рече Кириленко.

Борбите се особено жестоки по должината на линијата што ја одвојува територијата контролирана од проруските сепаратисти од територијата контролирана од украинските сили.

Тој рече дека украинските сили во регионот се значително зајакнати со воената опрема испратена во Украина од западните земји додавајќи дека секоја помош е многу важна во моментот.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози