Утрински Весник
Свет

Грчки лекари интубираат ковид-пациенти надвор од единицата за интензивна нега: Како да сме во војна

Грчки лекари интубираат ковид-пациенти надвор од единицата за интензивна нега: Како да сме во војна

Властите во Грција се обидуваат да го спречат ширењето на коронавирусот, а локалните медиуми наведуваат дека медицинските капацитети се полни, така на пример, болниците во Атика, според нивната процена, деновиве живеат како да се во воена состојба.

Во болницата „Генимата“ веќе нема слободни кревети на Одделот за интензивна нега, но затоа надвор од тоа одделение биле интубирани осум до 10 пациенти во сериозна состојба, наведува порталот „Флеш“.

Директорот за радиологија во таа болница, Спирос Антонопулос, опиша како изгледала последната смена во најголемата болница во Грција.

„Нема слободен кревет на Одделот за интензивна нега, ниту на ковид-одделот. Имаме меѓу осум и 10 пациенти кои чекаат да им се ослободи кревет“, рече Антонопулос.

Тој посочи дека состојбата во Атика е толку тешка што последните денови лекарите се принудени да изберат кои пациенти ќе бидат примени на Одделот за интензивна нега.

„Последните три смени беа многу тешки, прифаќаме 60 пациенти на смена. Јас сум во оваа болница 30 години и никогаш не сум почувствувал вакви услови како да сме во војна“, објаснува Антонопулос.

Според последните податоци, повеќе од 223.000 луѓе биле заразени со коронавирус, а 7.196 лица починале од последиците на ковид.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени