Утрински Весник
Свет

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови на протестот против задолжителната вакцинација

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови на протестот против задолжителната вакцинација
Dik 300x250 mk

Грчката полиција синоќа  во центарот на Атина употреби солзавец и водени топови за да го разбие протестот против задолжителната вакцинација поради Ковид-19.

Приведени се над 40 лица.

Повеќе од 7.000 луѓе се собраа пред парламентот во центарот на Атина, а сличен протест имаше и минатиот месец, пренесе „Ројтерс“.

Во Грција се целосно вакцинирани околу 5,7 милиони граѓани од 11 милиони жители, а анкетите покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваат задолжителната вакцинација за одредени групи, како што се здравствените работници и лицата во домовите.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим