Утрински Весник
Свет

Грчката полиција уапси маж кој носел пушка пред парламентот

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчката полиција денеска уапси 37-годишен маж кој носел ловечка пушка пред зградата на парламентот, по кратката пресметка со припадниците на полициската тактичка единица.

Полицаец од полициската управа во Атина за агенцијата АП изјавил дека денешниот инцидент траел нешто повеќе од еден час и дека нема повредени.

Полицаецот, кој побарал да остане анонимен најавувајќи официјалното соопштение, рекол дека биле ангажирани и полициски преговарачи и дека сообраќајот околу зградата на Собранието бил пренасочен непосредно пред да биде уапсен мажот.

Осомничениот, кој бил донесен на сослушување, не бил именуван во согласност со грчките закони и бил идентификуван само како 37-годишен Грк.

Грчката државна телевизија објави дека мажот седел на душек пред стражарското место во Собранието, пред да пристигнат службениците на тактичката единица.

Според американската агенција, ова е втор безбедносен инцидент кај грчкото Собрание во последните седум месеци.

Можете да прочитате

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести