Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Грција ја започнува туристичката сезона, утре се очекуваат 110 меѓународни влезни летови

Грција ја започнува туристичката сезона, утре се очекуваат 110 меѓународни влезни летови
Img 7972

Грција од денеска ја започна својата туристичка сезона а владата и тур-операторите се надеваат дека сонцето, плажите и морето ќе го донесат потребниот раст на приходите по лошата туристичка сезона минатата година.

„Ние го креваме сидрото“, рече министерот за туризам Хари Теохарис, најавувајќи ја туристичката сезона од античкиот грчки храм Посејдон близу Атина, пренесуваат агенциите.

Тој додаде дека странските туристи се желни да се вратат во Грција.

Најавата нетрпеливо се очекуваше од страна на угостителите и сопствениците на кафулиља.

Според владините регулативи објавени во средата, секој што патува на грчките острови по море или воздух мора да покаже потврда за вакцинација или негативен резултат од ПЦР тест.

Водечкиот европски тур-оператор закажа 120 летови кон Грција до крајот на мај.

Во петок се очекуваат околу 40 меѓународни летови за пристигнување на 14 грчки регионални аеродроми, а уште 110 во сабота.

Во тек е иницијатива за вакцинирање на локалното население.

Грчките хотелиери очекуваат зголемување на туристичкиот сектор од крајот на јуни или почетокот на јули.

Пандемијата силно влијаеше врз грчката економија, која во голема мера се потпираше на туристичкиот сектор, што претставува повеќе од 20 проценти од БДП.

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв