Грчките власти уапсиле човек со јорданско потекло и со британски пасош, за кој се верува дека е поврзан со радикални исламски терористички организации во Сирија, пренесува „Прототема“.
За човекот се вели дека отпатувал на одмор во општината Милопотамос на островот Крит кон крајот на август и бил идентификуван од грчките власти кои добиле дојава од британските власти.
Грците веднаш го ставиле човекот под надзор и, откако се консултирале со британските безбедносни служби, го привеле осомничениот. На барање на британските власти, човекот потоа бил депортиран во Велика Британија.
И грчката национална разузнавачка служба и полицијата биле вклучени во случајот и се обидуваат да утврдат дали човекот, кој бил во Грција со своето семејство, планирал нешто или се обидел да воспостави контакт со сомнителни лица.
Весникот објави малку информации во врска со идентитетот на човекот, но се верува дека тој е поврзан со радикални исламски терористички групи кои дејствуваат во Сирија.
Грција, која продолжува да биде епицентар за пристигнувањето мигранти од Блискиот Исток, документираше голем број луѓе, кои пристигнаа од екот на мигрантската криза , кои имаа врски со групи како Исламска држава.
Во 2017 година, сириски мигрант беше уапсен под обвинение за тероризам во Северна Грција, откако со сопругата допатувал во земјата. Иако првично негирал членство во терористичката група, тој подоцна бил осуден од грчки суд.
Додека заканата од доаѓање на радикални исламисти во Грција маскирани во баратели на азил и понатаму е актуелна, потенцијалот за ширење на коронавирусот стана уште поитно прашање во последните неколку недели.
Неделава, 45-годишен ирачки мигрант бил позитивен на Ковид-19 во прифатилиште за азиланти во општината Оинофита. Само неколку дена претходно, еден сомалиски мигрант бил позитивен на вирусот во преполнетиот мигрантски камп Морија на островот Лезбос, принудувајќи ги властите да спроведат широки масовни низ кампот.