Утрински Весник
Свет

Грција се огласи по најавата дека ќе го признае Косово

Грција се огласи по најавата дека ќе го признае Косово

Позицијата на Грција да не ја признава независноста на Косово е добро позната и останува непроменета, изјави грчкиот амбасадор во Србија, Јоргос Џaкофотакис, за Танјуг.

Тој ги коментираше очекувањата на аналитичарите за надворешна политика Дејвид Филипс и Даниел Сервер дека Грција ќе ја смени својата позиција и веројатно ќе го признае Косово.

„ Во принцип, ние не ги коментираме мислењата на аналитичарите, грчката позиција за непризнавање на Косово е добро позната и останува непроменета“, се вели во писмениот одговор на грчкиот амбасадор Џакофотакис, кој беше испратен до Танјуг од неговата прес-служба.

Филипс и Даниел Сервер за РТВ „Дукаѓини“ изјавија дека не очекуваат петте земји од Европската унија што не го признаа Косово да ги сменат своите позиции, освен Грција.

„ Грција е многу веројатно да го признае Косово. Ѕидот што беше создаден од фактот дека пет земји не го признаа Косово наскоро ќе започне да се руши, кога Грција или некоја друга земја ќе одлучи да го признае Косово“, рече Филипс.

Филипс и Сервер исто така сметаат дека позициите на петте земји-членки на ЕУ треба да се видат по завршувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен