Утрински Весник
Свет

Грција подготвена да ги активира ковид-сертификатите пред 1 јули

Грција подготвена да ги активира ковид-сертификатите пред 1 јули

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја потврди подготвеноста на неговата земја да го активира дигиталниот ковид-сертификат на Европската унија уште пред 1 јули.

„Вирусот ја забрза дигиталната трансформација на земјата. Дигиталниот сертификат го олеснува патувањето, што е особено важно за нашата земја, во средиштето на туристичката сезона”, рече денеска Микотакис на презентацијата на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, во присуство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, пренесува АНА.

Можете да прочитате

Кибер-војна за нуклеарни амбиции: Како Северна Кореја го „зарази“ американскиот софтвер

Путин: Членството на Ерменија во ЕУ е невозможна мисија

Македонец тепал и пцуел полицајци во Швајцарија