Утрински Весник
Свет

Грција и Либија ќе ги продолжат разговорите за заедничко обележување на поморската граница

Грција и Либија ќе ги продолжат разговорите за заедничко обележување на поморската граница

Грција се согласи да ги продолжи разговорите за обележување на поморските погранични области во Медитеранот со либиските власти, најави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, пренесува „Грик рипортер“.

Во официјалното соопштение, Мицотакис вели дека се согласил со либиската влада за итно продолжување на разговорите меѓу Грција и Либија за разграничување на поморските зони. Неговата изјава дојде по состанокот со претседателот на либискиот Претседателски совет, Мохамед ал-Менфи.

Односите меѓу Либија и Грција се влошија во 2019 година, откако меѓународно признатата либиска Влада на национален договор (ГНА) потпиша договор за поморските граници со Турција, по што Грција тогаш рече дека таквиот договор би бил географски апсурден бидејќи се игнорира постоењето на грчкиот остров Крит помеѓу бреговите на Турција и Либија.

Мицотакис рече дека Атина се надева дека ќе ги обнови односите со Либија.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата