Утрински Весник
Свет

Грција им помага на угостителите, 330 милиони евра за повторно отворање на рестораните

Грција им помага на угостителите, 330 милиони евра за повторно отворање на рестораните

Грчката влада ќе им обезбеди на угостителите дополнителни 330 милиони евра субвенции за да им го олесни отворањето на рестораните во следните недели.

Повеќе од 70.000 ресторани, барови и кафулиња се затворени од ноември, кога беше воведена строга блокада за борба против вториот бран на пандемијата на коронавирус. Здружението на угостители проценува дека една петтина од угостителите можеби нема да можат да започнат со работа пред новата туристичка сезона.

„Нашата цел е јасна. Ние сакаме да ви обезбедиме услови за отворање на рестораните”, рече премиерот Кирјакос Мицотакис на состанокот со министрите и претставниците на угостителите.

Секојa компанија ќе добие до 100.000 евра под одредени услови, за да ги покријат трошоците за рестартирање на бизнисот, а вкупната вредност на пакетот ќе достигне 330 милиони евра, објави Министерството за финансии.

Владини претставници минатиот месец објавија дека рестораните може да се отворат во април, пред планираното отворање на туристичкиот сектор од средината на мај. Угостителскиот сектор веќе доби една милијарда евра помош од државата во форма на поволни заеми и грантови.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени