Утрински Весник
Свет

Грција запре пет чамци со повеќе од 120 мигранти

Грција запре пет чамци со повеќе од 120 мигранти

Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека спречила обид на повеќе од 120 лица илегално од Турција да влезат во грчките територијални води во Егејското Море.

Во соопштението на крајбрежната стража се вели дека патролните чамци на Фронтекс, граничната агенција на ЕУ, помогнале во операцијата и дека на ниту еден од петте чамци што превезувале мигранти не му било дозволено да влезе во грчките води, пренесе Ројтерс.

Наведено е и дека чамците на турската крајбрежна стража на крајот пристигнале на местото каде што се наоѓале мигрантите, во близина на островот Кос и дека ги вратиле во Турција.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници