Утрински Весник
Свет

Грција ги објави податоците за увезени случаи од Балканот

Грција ги објави податоците за увезени случаи од Балканот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грција од 1 јули, кога ги отвори границите, направи 127.900 тестови за коронавирус, а меѓу патниците биле потврдени 295 случаи, објави заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Според него, 76,27 отсто или 225 од 295 потврдени случаи се патници од балканските земји.

„78 случаи се потврдени кај туристи од Србија, 63 од Бугарија, 61 од Романија, 23 од Албанија и 26 од САД“, навел заменик министерот.

Од 1 до 19 јули во Грција влегле околу 900.000 луѓе, а во меѓувреме, во периодот од 15 до 19 јули, 23.559 туристи од Велика Британија.

Од 25 февруари во Грција се потврдени 4.007 случаи на коронавирус и 195 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони