Утрински Весник
Свет

Грција веројатно ќе оди еден месец во карантин, Мицотакис денеска ќе ги соопшти мерките

Во последните 24 часа, во Грција регистриран голем број заразени лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, се очекува денеска да објави нови мерки насочени кон спречување нов пораст на инфицираните со Ковид-19, соопштија владини претставници.

Мицкотакис ќе ги соопшти мерките по консултација со здравството, откако вчера комисијата епидемиолози  ѝ предложи на грчката Влада да воведе 30-дневен карактин во целата земја.

Грција пријави помалку случаи од повеќето европски земји, но бројот на заразени постепено се зголемува од почетокот на октомври, што ја натера владата повторно да воведе мерки, објави „Ројтерс“.

Според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се 2.646 случаи на коронавирус, најголемо дневно зголемување од првиот случај во февруари.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масовните протести во Иран  – 24info.mk

Украина и САД разгледуваат распоредување на американски сили како дел од безбедносни причини

Голема заплена на небезбедна храна во Атика