Утрински Весник
Македонија

Група Авганистанци кои беа згрижени во Македонија заминаа во Канада

Група Авганистанци кои беа згрижени во Македонија заминаа во Канада

Дваесет и двајца авганистански цивили, кои во изминатиот период престојуваа во Северна Македонија, добија престој во Канада.

Како што информираа од Владата, со лет од меѓународниот аеродром во Скопје заминале вработени, соработници и членови на нивните семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.

„Со ова продолжува успешната мисија за трајно решавање на статусот на мирољубивото население на Авганистан кое е во животна опасност од талибанскиот режим. Северна Македонија активно учествува грижејќи се за неколку стотини кои до сега пристигнаа во земјава. Повеќе институции и невладини организации се ангажирани пружајќи им ја сета помош и поддршка додека се сместени во објекти во Скопје. Вклучени се здравствени работници, волонтери на Црвениот крст, а со правна помош за обезбедување документи потребни за заминување во трети земји асистира Македонското здружение на млади правници“, велат од Владата.

Можете да прочитате

Купена за 67.000, се продава за 10.000 евра: Општина Струга го продава луксузното „Ауди А6“

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град”, мал број на прекршоци