Утрински Весник
Македонија

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на Групата за процена во ЦУК.

Со седницата на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.

Согласно дневниот ред беше оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновите потврден.

Истовремено, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите согласно Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест, а согласно планот за координирано дејствување, донесен на Втората седница на Главниот Штаб за управување со кризи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег