Утрински Весник
Македонија

Груби: Со официјализација на албанскиот јазик земјата доби полојални граѓани

Груби: Со официјализација на албанскиот јазик земјата доби полојални граѓани
Img 5587

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, денеска присуствуваше на свечената церемонија за доделување на 65 сертификати за преведувачи во државните институции, кои успешно ја завршија обуката организирана од страна на Агенцијата за примена на јазикот за преведување и лекторирање на албански и македонски јазик.

Овој настан беше организиран во рамките на програмата за одбележување на 20 годишнината од Охридскиот Договор.

300x250 (7)

„Јазикот е богатство, код за идентификување. Јазикот и правото на негова употреба е еден од четирите главни столба на Охридскиот договор и битката за употреба започна од прогласувањето на независноста на земјата, со генерации. Оваа битка за официјализирање на албанскиот јазик во РСМ траеше речиси две децении, со три последователни обиди да се донесе Законот за употреба на јазикот“, порача Груби.

Првиот вицепремиер кажа дека во минатото политичките елити креирале лажна слика дека употребата на еден јазик може да влијае на употребата на другиот јазик.

„Денес, од оваа перспектива со донесувањето на Законот за употреба на јазикот гледаме дека не се подели Република Северна Македонија, не се федерализираше и не изгуби никој, туку добија граѓаните и државата, бидејќи колку државата е полојална кон заедницата, така и ние Албанците сме полојални кон државата“, изјави Груби во неговиот говор.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со СДСМ културата е слободна, во идниот мандат нов закон за култура и нови капитални инвестиции

Спасовски: Платите се зголемени за 35 проценти во МВР од 2017 до 2023

Арбр Адеми: Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ