Утрински Весник
Македонија

Груби на средба со романската амбасадорка Аксинте: „Сега заслужуваме датум“

Груби на средба со романската амбасадорка Аксинте: „Сега заслужуваме датум“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, го пречека денес на состанок новиот амбасадор на Република Романија во Република Северна Македонија, Адела Моника Аксинте.

На средбата амбасадорката Адела Моника Аксинте потенцираше целосна поддршка од нејзината земја за европските перспективи.

Во оваа насока, се проценува дека постои стратешки интерес на целиот регион и Европа, дека овие перспективи се силна порака за нашата земја да го продолжи понатаму патот на реформите за кои е во најдобар интерес на граѓаните, а исто така и за реализација на стратешките цели.

Груби за време на состанокот ја информираше амбасадорката Аксинте за политичките процеси во земјата, реформите во администрацијата и правосудниот систем, процесот на регистрација и зборуваше за локалните избори кои се очекува да се одржат некаде во крајот на годината, како и имунизацијата што се прави на ниво на целата држава.

Членството на Република Северна Македонија во НАТО Груби и амбасадорот Аксинте го проценија како придонес кон безбедноста на целиот регион, истовремено поздравувајќи ги развојните политики на мултикултурализмот како пример во широки рамки.

„Нашите граѓани и нашата земја заслужуваа отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Направивме сè и сега е редот на Брисел“, рече Груби.

Груби и Аксинте разговараа и за унапредување и на соработката меѓу двете земји во областа на економијата, трговијата, енергијата, транспортот, туризмот, културата и образованието.

Можете да прочитате

Царина и АХВ заедно против измами со увоз на храна – фер пазар за сите

Кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија – шест службени лица осомничени за злоупотреба

Лашкоска: Во координација со Владата, забрзано и системски работиме на санација на хидросистемот Ѓавато