Утрински Весник
Македонија

Груби како прв вицепремер ќе го заменува Заев во случај на негово отсуство

Груби како прв вицепремер ќе го заменува Заев во случај на негово отсуство

На вчерашната втора владина седница, премиерот Заев на министрите и министерките им ги предаде мандатните писма со утврдена мисија и задачи во нивниот четиригодишен мандат.

Членовите на Владата вчера ги прифатија и измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата.

Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, функција што за прв пат се воведува со овој владин состав, а ќе ја извршува Артан Груби од ДУИ.

Предвидено е, премиерот да биде заменуван од Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш премиерот ќе го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи.

Измените и дополнувањата се однесуваат и на подготвувањето и доставувањето на материјалите за разгледување на седниците на Владата, нивното разгледување и процесот на нивно утврдување, соопштија од Владата.

Позицијата прв вицепремиер беше договорена во рамки на разговорите на Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а во однос на обезбедување на потребниот мандат за формирање на новата Влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!