Утрински Весник
Македонија

Гром удри во штала во Струшко, изгореа трактор, јачмен, пченица, жито

Вчера во 15 часот било пријавено дека во непосредна близина на локалниот пат Ливада-Делогожда-струшко, во штала сопственост на Џ.Ш.(59) од с.Делогожда од удар на гром настанал пожар, при што истата била целосно опожарена.

dobivaj vesti na viber

Во внатрешноста на шталата имало 250 бали јонџа, потоа јачмен, пченица, жито и една приколка со трактор.

Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Можете да прочитате

Конкурсот на наградата „Илија Жупаноски“ е отворен до 1 октомври

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Како да се заштитиме од гром?!

СДСМ до Мицкоски: Декласифицирај, па да видиме кој е уплашен