Утрински Весник
Свет

Гром уби десет деца

Гром уби десет деца

Од удар на гром загинаа десет деца во мал град во Уганда, во близина на границата со Конго, соопшти локалната полиција.

Децата, на возраст од 9 до 16 години, се засолниле од дождот во куќа со сламен покрив, кадешто удрил гром, јавува АП. Тие претходно играле фудбал на блискиот терен, изјави Џозефин Агнусија, портпаролка на полицијата во покраината Западен Нил.

Агнусија додаде дека се повредени уште четири деца.

Смртоносните молњи обично се зебележани во источноафриканската земја за време на влажните сезони. Во некои случаи, се случувало гром да удри во училница и да усмртни деца додека се на училиште. Многу училишта, особено во руралните области, не се опремени со громобрани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп