Утрински Весник
Свет

Гренел: Нема да прифатам „не“ како одговор

Гренел: Нема да прифатам „не“ како одговор

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел изјави дека политичката борба меѓу двете страни го ограничува економскиот напредок.

Тој истакна дека неговиот фокусот и фокусот на Доналд Трамп е како да се создадат нови работни места во регионот и да им се обезбеди на младите луѓе кариера како да останат во таа област.

„Она што се обидуваме да го сториме е да го свртиме политичкиот процес со концентрирање исклучиво на економијата и создавање нови работни места, поради што сме денес тука“, рече Гренел во интервју за „Њузмакс“.

Гренел рече дека не е сигурен дека може да ги поистовети односите меѓу Косово и Србија со кој било друг проблем во светот.

„Тоа е долготраен проблем. Направивме напредок, како што знаете, минатата година направивме историски договор за првиот лет Белград-Приштина, договор за железнички и патен сообраќај. Преку овие три историски договори се обидовме да ги поврземе двете страни да работат на економски нормализација“, рече тој.

Според Гренел, тој ќе продолжи да „притиска“ за да се напредува во преговорите.

„Јас сум некој што сака да продолжи да се обидува и нема да прифатам ’не’ како одговор. Долго време сум во ова од двете страни и сакам тие постојано да го отфрлаат политичкиот дел и да се концентрираат на создавање работни места”, вели Гренел.

Тој повтори дека економијата е во фокусот на разговорот, а не политиката.
Гренел рече дека се надева на решение и дека е оптимист, и заклучи дека договорот ќе биде „одличен и за американските бизниси“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија