Утрински Весник
Магазин

Греми 2022: Модата на црвениот тепих во слики

Греми 2022: Модата на црвениот тепих во слики

Генерации на музички семејства присуствуваа на 64. доделување на наградите „Греми“ во Лас Вегас во неделата навечер.

Медиумите ги издвоија највпечатливите комбинации на црвениот тепих.

Били Ајлиш смела и одважна во црно, креација на Рик Овенс.

„БТС“ можеби ја изгубија можноста за нивното прво „Греми“, но момците на јужнокорејскиот бенд изгледаа одлично на црвениот тепих, во есенска колекција костуми на Луј Витон.
Тие им кажаа на новинарите дека сакале да се поврзат со Оливија Родриго, Лејди Гага и Џеј Балвин на церемонијата, за да можат да соработуваат на идните песни.

Џастин Бибер и неговата сопруга, манекенката Хејли Бибер ги привлекоа погледите на себе кога пристигнаа.

Друга номинирана, Доџа Кет, за нејзиниот изглед на црвениот тепих избра сина комбинација со бисерни мониста.

Британската поп-сензација Дуа Липа не беше номинирана оваа година, па ѝ беа доделени презентерски обврски, но сепак е облечена за да импресионира.

Лејди Гага пристигна во елегантен црн фустан, скроен според нејзините стандарди за ваков конкретен настан.

Можете да прочитате

По петгодишна пауза Свети Стефан повторно се отвора, две лежалки и чадор 240 евра

Мајка на четири деца тврди дека соседите ги избегнуваат нејзините деца поради нејзината работа во САД

Луксузни свадбени патувања и романтични бегства во Туркије