Утрински Весник
Македонија

Граѓанската иницијатива за заштита на правата на трансродовите лица најавува „Марш на видливост на трансродовите лица“

Граѓанската иницијатива за заштита  на правата на трансродовите лица најавува „Марш на видливост на трансродовите лица“

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во рамките на кампањата за одбележување на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица организира Марш за видливост на трансродовите лица, и истиот како што најавија од таму, ќе се одржи во четврток на 31 март во 12 часот, со почеток пред Владата на Република Северна Македонија.

TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по четврти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група, додаваат од таму.

„Оваа година, повторно ги потсетуваме носителите на одлуки дека ТУКА СМЕ И БЕЗ ЗАКОН и бараме од Владата и од Собранието веднаш да го вратат назад Законот за правно признавање на родот и да го изгласаат. Очекуваме поддршка од пратениците со кои соработуваме и кои ја разбираат значајноста од донесувањето на овој закон, но и од сите останати што досега не успееја да ја увидат нужната и итна потреба од подобрување на нашата легислатива во насока на подобрување на нашите секојдневни животи. ТУКА СМЕ И БЕЗ ЗАКОН и продолжуваме да даваме отпор кон сите гласини што нема да го стишат гласот на трансродовата заедница. Заслужуваме безбедност, рамноправност и почит кон нашиот идентитет како и сите други граѓани! ТУКА СМЕ И БЕЗ ЗАКОН, но не се откажуваме од негово донесување!“, стои во писмената информација од оваа организација.

Можете да прочитате

Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати

О` Брајан: САД се сојузник, партнер и пријател на Северна Македонија и ќе работат со неа на реформи за постигање евроатлантска интеграција

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди