Утрински Весник
Свет

Граѓани на Косово се заинтересирани да ја бранат Украина, рече украинскиот амбасадор во Албанија

Граѓани на Косово се заинтересирани да ја бранат Украина, рече украинскиот амбасадор во Албанија

Амбасадорот на Украина во Албанија, Володимир Шкуров изјави дека некои граѓани на Косово биле заинтересирани да заминат во Украина како доброволци.

„Косово е заинтересирано за развојот на настаните околу Украина, а некои граѓани дури и изразија интерес да учествуваат во одбраната на Украина, доколку конфликтот со Русија ескалира“, рече тој.

„Свесни сме за поддршката што ја искажаа косовските претставници. Покрај тоа, граѓаните на Косово ни се обраќаат со предлози и прашања како да стигнат до Украина и да учествуваат во одбраната на Украина. Сите овие предлози и повици ги пренесуваме до нашите министерството. Украина е се уште во фаза на разгледување на прашањето за признавање на Косово“, изјави тој за „Еуроњуз Албанија“.

Можете да прочитате

Израелски министер: ИДФ сили остануваат распоредени во Либан

Зеленски: Русија лансираше околу 2.200 дронови во Украина за една недела

Зеленски: Русија лансираше околу 2.200 дронови во Украина за една недела