Утрински Весник
Македонија

Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за коронавирусот

Не се кријат податоци за состојбата со коронавирусот, тврди Спасовски

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за состојбата и актуелностите со коронавирусот, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Сите пораки кои ќе ги добијат од телеком мрежите се валдини и известуваат за состојбата и актуелностите за кои сметаме дека ова е добар механизам да се известат граѓаните во врска со корона вирусот, појасни министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање кои трговски центри ќе работи од понеделник, министерот Филипче посочи, дека целосно се затворени сите затворени молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна.

– Отворените трговски центри, на пример Гратскиот трговски центар, понатаму во Аеродром и Карпош 3 се отворени целосно. Рестораните и сите други продавници кои произведуваат храна, вклучително и рестораните во хотелите, кои нормално работат и припремаат храна, но нема собирање на гости. Може да прават достава, да примаат нарачки по телефон или да вршат директна достава преку некаква форма на штанд или шалтер, изјави Филипче. аа/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во емисија: Боки 13 и Рускоска разменија обвинувања во живо пред јавноста

Арсовска: Град Скопје ја казни „Адријус“ за див приклучок, се чека на ОЈО и МВР

Собранието се штити од граѓаните: Нов закон забранува протести и дронови околу парламентот