Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа
300x250 opst2

Министерството за надворешни работи информира дека утре (3 декември), во 9 часот, на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Како што информираат од ресорното министерство, по пристигнувањето поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

„Во периодот од 10 до 13 часот, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот“, се наведва во соопштението.

На плоштадот ќе биде поставен и видео-бим, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник