Утрински Весник
Македонија

Граѓаните со бугарски пасош можат да се пријават за вакцинирање, порача Здружението Македонско-Бугарско пријателство

Граѓаните со бугарски пасош можат да се пријават за вакцинирање, порача Здружението Македонско-Бугарско пријателство

Здружението Македонско-Бугарско пријателство (МБП) од Скопје порача дека македонските граѓани кои поседуваат бугарско државјанство и имаат намера да се вакцинираат против Ковид-19, тоа можат да го сторат преку бугарската веб-страна за регистрирација.

Претседателот на здружението, Добре Митрев нагласува дека заинтересираните можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање.

За вакцинација во Бугрија потребен е негативен тест издаден од овластените здравствени установи во Република Македонија, вели Митрев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР