Утрински Весник
Политички Партии

Град Скопје: Срамно е упорно да се вперува прстот кон Град Скопје, Владата да донесе план за помош на граѓаните

Град Скопје: Срамно е упорно да се вперува прстот кон Град Скопје,  Владата да донесе план за помош на граѓаните
Ss2

Од Град Скопје со реакција на соопштението на СДСМ дека Арсовска не презема ништо за надминување на енергетската криза. СДСМ секојдневно се обидува својата одговорност да ја префрли на локалната самоуправа, со веќе слушнати и секојдневно повторувани тези дека снабдувањето со топлинска енергија и затоплување на домовите на скопјани е во надлежност на Град Скопје, велат од таму.

Појаснуваат дека Град Скопје ги знае своите надлежности и за разлика од претходното раководство кое го остави Градот задолжен и со доспеани долгови, и додаваат дека Градот овој четиригодишен мандат ќе го насочи на креирање и имплементација на проекти и политики кои значат подобар и поквалитетен живот за скопјани.

Ss1

„Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија на Градскиот енергетски систем ГЕС. Истото до денес не е реализирано и се води управна постапка за разрешување на овој спор.Срамно и неодговорно е упорно да се вперува прстот кон Град Скопје посочувајќи го Градот како надлежен и одговорен за сите пропусти на централната власт, кои пет месеци не преземаа ништо и сме можеби единствена држава која нема мерки за справување со енергетската криза, освен што ги зголемија цените за електрична и топлинска енергија и удрија по џебот на граѓаните. Член 151 став 1 од Законот за енергетика е исто така јасен и може да важи само доколку ГЕС како претпријатие ја има лиценцата и е лиценциран дистрибутер на топлинска енергија до домаќинствата во Скопје, што во случајот е јасно дека јасно не е и не може да биде се додека не ја добие потребната лиценца“, стои во реакцијата.

Нагласуваат дека низ цела Европа, Владите уште од септември месец преземаа мерки за помош од енергетската криза, како и за амортизирање на ценовниот шок, додека кај нас месеци подоцна, Владата не само што не поднесува одговорност туку и сака истата да ја префрли на Град Скопје, кој е оставен во големи долгови токму од претходното градско раководство кое беше раководено од СДСМ.

Град Скопје ја повика Владата да покаже одговорност и итно донесе јасен план за помош на граѓаните, како што постапи секоја Влада во состојба на енергетска криза, истакнуваат од таму.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт