Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: СДСМ со лагите ги оштетува Скопје и скопјани, градот има активен договор за горива

Градот Скопје ги демантира информациите пласирани во јавноста од СДСМ дека Противпожарната бригада е без гориво.

„ За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, се уште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.

Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање“ велат од Градот Скопје.

Оттаму апелираат да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани.

Можете да прочитате

Во Небрегово промовирана книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“

Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР

„Ваш пратеник“ – почна емитувањето на серијалот емисии со пратениците на Собраниски канал