Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Привремен прекин на прием на странки во Секторот за финансиски прашања

Град Скопје: Привремен прекин на прием на странки во Секторот за финансиски прашања

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје соопшти дека од утре, во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања – Одделението за даноци.

-Почнувајќи од 11.03.2020 година, среда, во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања, во барака број 15, за консултации во предвидените приемни денови, вторник и петок, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Градските власти соопштија дека шалтерите во барака број 16 редовно ќе ги извршуваат своите работни дејности за прием и издавање на документи.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница