Утрински Весник
Македонија

Град Скопје поднесе кривична за организацијата на пречекот на 2020, со настап на Дино Мерлин

Град Скопје поднесе кривична за организацијата на пречекот на 2020, со настап на Дино Мерлин
Ss2

Град Скопје, по иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, против поранешниот в.д. директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), Русе Арсов.

Имено, градските власти бараат поведување на постапка за утврдување одговорност поради непочитување на Законот за јавни набавки при објавување на јавниот повик за избор на коорганизатор на активностите за пречек на Новата 2020 година, објасни на прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавноста во Град Скопје.

Ss1

„Русе Арсов од Скопје во својство на в.д. директор на МКЦ-Скопје на ден 14.12.2019 година објавил јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за ‘Дочек на Новата 2020 година’ додека критериумите за избор на најповолна понуда со определни бодови од јавната установа биле донесени на 18.12.2019 година, односно по објавување на јавниот повик, и истите не се составен дел на јавниот повик“, рече Апостолоски.

Како што нагласи тој, поради необјавувањето на овие критериуми, потенцијалните учесници на јавниот повик не биле информирани на кој начин ќе се врши доделувањето на бодовите и изборот на најповолна понуда.

„На објавениот јавен повик се пријавил еден единствен правен субјект и тоа Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје, при што на ден 19.12.2019 година Комисијата за избор на коорганизатор кој ќе ја организира избраната предлог-програма на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ согласно со Записник од одржан состанок на комисијата, утврдено е дека апликантот Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје ги исполнува условите предвидени во конкурсот, при што во записникот не е извршено поединечно бодување, односно не е нотирано за кој критериум колку бодови се доделуваат, туку бодовите се доделени збирно“, истакна советникот за односи со јавноста во Град Скопје.

Според Апостолоски, во понатамошната постапка Арсов како в.д. директор на ЈУ МКЦ на ден 20.12.2019 година склучил договор со Здружението Дирекција за култура и уметност Скопје, со што постапил спротивно на Законот за јавни набавки и овозможил настанот да се организира надвор од пропишаната законска регулатива.

Русе Арсов на крајот од минатата година се повлече од директорската функција во Младинскиот културен центар (МКЦ), како што рече, поради здравствени причини.

Во однос на барањето на Антикорупциска, Обвинителството да ја истражува новогодишната прослава во Скопје на која настапи Дино Мерлин, Арсов во таа прилика посочи дека е уверен оти во овој предмет нема никаков криминал.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ