Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Градот Скопје денеска преку соопштение ги известува граѓаните дека нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во градот што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство за спречување на ширењето на коронавирусот.
Воедно, информираат дека согласно со одредбите на Законот за даноци на имот и Законот за комунални такси, почнале со доставување решенија за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на град Скопје, како и решенија за комунална такса-фирмарина до сите правни лица регистрирани на територијата на град Скопје. Истовремено, се доставуваат и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници, кои не го подмириле долгот за 2019 година. вг/сп/