Утрински Весник
Македонија

Град Скопје нема да постапува по опомените за данок на имот и фирмарина за 2019

Град Скопје нема да постапува по опомените за данок на имот и фирмарина за 2019

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Град Скопје ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои пристигнуваат на нивните адреси се испратени пред да се случи пандемијата со коронавирусот во земјава, а поради новонастанатата состојба нема да се преземаат дополнителни мерки кон даночните обврзници.

– Додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови, стои во соопштението.

Од Град Скопје посочуваат дека сите случаи кога даночни и таксени обврзници нема да добијат решенија или во решенијата ќе забележат недостатоци и неправилности, ќе се решаваат по укинување на вонредната состојба. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!