Утрински Весник
Македонија

Град Скопје најавува вонредно прскање против комарци поради зголемената влага

Викендов и следната недела прскање против комарци во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци.

Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 25 август (вторник) и 26 (среда), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе има поволни временски услови, информираат градските служби.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен