Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Во „Лајка“ хумано ќе се решава проблемот со кучињата скитници

Град Скопје: Во „Лајка“ хумано ќе се решава проблемот со кучињата скитници

Град Скопје реагира на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ околу состојбите и условите во новиот стационар „Лајка“.

Од Град Скопје велат дека со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.

Во соопштението на Град Скопје, се нагласува дека новиот стационар за кучиња е модерен, согласно со сите европски стандарди за ваков вид на објекти.

„Сакаме да потенцираме дека изминатиов период беа извршени серија на зафати, а како најважни можеме да ги издвоиме:

– Во соработка со Општина Гази Баба, целосно гo легализиравме објектот на стационарот, кој со години функционираше како дивоградба;
– Извршивме целсна реконструкција на двата објекти на стационарот, каде што беше извршена целосна демонтажа на постојните метални боксови и елементи, се изврши реконструкција на покривот, поставена е изолација и фасада која воопшто ја немаше досега;
– Во објектот е поставено ново подно греење;
– Изградена е нова ветеринарна амбуланта во стационарот;
– Добиен е нов простор за администрацијата на јавното претпријатие;
– Изграден е нов парк за кучиња, со терени за ресоцијализација на трауматизирани кучиња, како и нов пристапен пат;
– Со реконструкцијата и проширувањета на стационарот „Лајка“, покрај подобрувањето на условите, во однос на поранешниот стационар „Вардариште“, двојно е зголемен неговиот капацитет, поточно внатрешниот капацитет е зголемен од 81 на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење и дополнително се изградени и 60 надворешни боксови за кучиња.

Дополнително, сакаме да потенцираме дека овој стационар и програмата се само дел од новиот концепт за хуман третман и справување со големиот број на улични кучиња. Една од главните цели во воспоставувањето на систем за контрола на нивната популација бара вклучување на повеќе општествени чинители, а клучен во него е процесот на чипирањето на уличните кучиња и домашните миленици што го реализира Агенцијата за храна и ветеринарство“, велат од Град Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце