Утрински Весник
Свет

Бакир Изетбеговиќ има коронавирус

Бакир Изетбеговиќ има коронавирус

Претседателот на Партијата за демократска акција и потпретседател на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, е позитивен коронавирус, јавија медиумите во БиХ.

Тие додаваат дека Изетбеговиќ резултатите ги добил утрово и дека има поблаги симптоми.

„Бакир Изетбеговиќ воопшто не е болен, тој е само позитивен. Имаше благи симптоми и е во изолација од моментот на тестирање. Тој ги откажа сите планирани активности”, било потврдено за Радио Сараево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено