Утрински Весник
Свет

Град во Кина го скратува работното време на трговските центри за заштеда на струја

Кинескиот град Чонгкинг почна да го скратува работното време на трговските центри поради „вонредната ситуација“ во снабдувањето со електрична енергија, предизвикана од актуелниот топлотен бран. Оваа информација ја соопшти Владата.

dobivaj vesti na viber

Овие мерки значат дека неколку десетици трговски центри во градот мора да се прилагодат на работното време од 16 до 21 часот за да се овозможи безбедна и рамномерна дистрибуција на електричната енергија и да се обезбедат основните потреби за целото население, соопшти градската Економско-информативна комисија.

Мерките ќе продолжат до понатамошно известување, а надлежните ќе одлучат кога состојбата ќе се нормализира, врз основа на временската прогноза и состојбата со снабдувањето со електрична енергија.

За наредните денови се предвидуваат температури над 42 степени.

Градот Чонгкинг се наоѓа во провинцијата Сечуан, на околу 1.800 километри од Пекинг и има околу девет милиони жители,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Песков: Руската војска го зазеде Покровск по една година борби

Синот на „Ел Чапо“ го смени исказот – се изјасни за виновен за трговија со дрога

Свлечиште потопи усидрени бродови во Перу, најмалку 12 луѓе загинаа, 50 се исчезнати