Утрински Весник
Македонија

Градот Скопје ја повика министерката за култура лично да гарантира за безбедноста на Универзална сала

Градот Скопје ја повика министерката за култура лично да гарантира за безбедноста на Универзална сала
Dik 300x250 mk

Градот Скопје јавно ja покани министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе и се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала.

„Министерката како застапник на овој спорен проект за реконструкција на Универзална сала веројатно не е информирана и воопшто нема познавања за состојбите. Доколку по средбата се уште смета дека стариот проект може да продолжи, да потпише изјава со која лично ќе гарантира за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзалната сала и за безбедноста на Скопјани. Врз основа на направениот увид во сите записници и техничка документација, составувани уште во време на владеењето на СДСМ со Град Скопје, утврдени се сериозни грешки и недостатоци во проектот за реконструкција на Универзална Сала со импликации по безбедноста на објектот, но пред се, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните. Тоа се записници од луѓе кои раководеле со Градот во време на владеење на СДСМ и Шилегов“, велат од Град Скопје.

Според Градот, политички е крајно неодговорно од власта да се пласираат дезинформации, знаејќи дека нивните кадри носеле одлуки и отпочнувале половични проекти со сериозни недостатоци кои значат опасност по безбедноста на граѓаните. За ова, како што се додава, говорат и сите официјални извештаи кои биле донесени токму во мандатот на претходното раководство на Град Скопје, додека се извршувале градежни активности за реконструкција на Универзална сала под сомнителни и небезбедни околности.

Град Скопје упати апел до централната власт и СДСМ да се стави крај на, како што велат, овие политички препукувања и секојдневни напади кон Град Скопје и градската администрација со цел собирање политички поени, а на штета на граѓаните. Додаваат дека враќањето во функција на Универзална сала како значајно обележје за Скопје и скопјани било едно од ветувањата и е дел од програмските активности на новото градско раководство и истото ќе биде реализирано, но со максимална заштита на интересот и безбедноста за граѓаните.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи