Утрински Весник
Македонија

Градот Скопје почна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина

Градот Скопје почна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина

Екипите на ЈП „Улици и патишта” по налог на Град Скопје, денеска започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина – Скопје.

Денеска екипите од ЈП „Улици и патишта“ започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни.

Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.

Можете да прочитате

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Кујната во РЕК Битола времено затворена, работниците добиваат ладен оброк

ДУИ: Производството на термоелектраните за Јануари намален за цели 22.5%