Утрински Весник
Македонија

Градоначалничката на Касандра објави фотографија со топката која му го спасила животот на Иван

Градоначалничката на Касандра, Халкидики, на социјалните мрежи сподели фотографија од кожената топка која му го спасила животот на 30-годишниот Иван од Македонија кој цели 19 часа се борел против немирното море и големите бранови за да успее да остане на површината.

dobivaj vesti na viber

„Многу се радувам поради среќниот крај на младиот човек. Нашол топка која му го спасила животот бидејќи ја држел за да се одмори“, напиша таа во својата објава.

Претходно градоначалничката изјави дека момчето е во добра здравствена состојба. На патот кон болницата, тој и’ кажал дека топката му ја донел ветерот во морето, успеал да ја фатил и се држел за неа.

Голготата на младиот човек почна кога во саботата напладне тој на денот на својот роденден влегол во Егејското море со уште двајца свои пријатели, но силните морски струи ги повлекле во длабочината.

Неговиот 25-годишен пријател Васил беше спасен по кусо време благодарение на сурфер кој го забележал и се обидел да му помогне, но немоќен поради невремето ја упатил крајбрежната стража на местото.

Третото момче Мартин, се’ уште се води за исчезнато.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија