Утрински Весник
Македонија

Градоначалничката на Битола со апел да не се излегува од дома

Градоначалничката на Битола со апел да не се излегува од дома

Битола, 20 март 2020 (МИА) – Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во соопштение до јавноста порача до битолчани непотребно да не излегуваат од дома. Во јавниот апел, Петровска ги повика јавните институции и верските заедници да дејствуваат во рамки на своите надлежности и да се борат против Ковид-19.

-Сите јавни институции и верските заедници, координирано и навремено да делуваат во рамки на својата надлежност. Верувајте, ништо не е толку делотворно колку редуцирањето на движењето. Најдлабоко замолувам, не излегувајте без потреба, останете дома, порачува Петровска.

Од Општина Битола информираа дека продолжува координацијата и постапувањето согласно заклучоците од Владата. На терен се врши дезинфекција во училиштата, се дистрибуира информативен леток, а ЈП „Комуналец“ продолжува со дезинфекција на улиците.

Во текот на денешниот ден, градоначалничката Петровска одржа состанок со првите луѓе на СВР Битола, претставници на јавните претпријатија, Советот за превенција и со претставници на верските заедници. мт/бак/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР: Лишен од слобода 43 годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Интервју со Тасевски: Македонското небо без контролори, за пет години 40 од нив можат во пензија, нови нема