Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Смилевски им подари подароци на медицинските лица во амбулантата во Бутел

Градоначалникот Смилевски им подари подароци на медицинските лица во амбулантата во Бутел

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски, како гест на почит и внимание, денеска им подари подароци на целиот медицински персонал во амбуланта во Бутел, информираат од општината.

-Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. После децениско чекање, конечно работите се менуваат, наскоро отпочнува и изградба на новата поликлиника Бутел која опслужува повеќе од 40.000 граѓани. Со тоа ќе се сменат условите за работа на овој медицински персонал, кој во моментов работи во многу тешки услови за нив и за граѓаните, истакнуваат од општина Бутел.

Смилевски упати и апел до граѓаните да помагаат преку почитување на мерките, да одржуваат физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираат. Да носат заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можат да ја одржуваат дистанцата.

-Само така можеме да ја држиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје, велат од општината.ир/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј