Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Њујорк: Трамп е персона нон грата во Њујорк, ќе му треба војска ако дојде

Градоначалникот на Њујорк: Трамп е персона нон грата во Њујорк, ќе му треба војска ако дојде

Американскиот претседател издаде меморандум според кој на неговата администрација и било наредено да го скрати буџетот на одредени американски градови.

Тие градови беа цел на Трамп затоа што наводно не се во можност да спречат воспоставување на, како што Трамп ги нарекува, нелегални зони. Сепак, градоначалникот на еден од тие градови, Њујорк, веднаш реагираше на меморандумот на Трамп.

„Тој не може да има доволно телохранители за да прошета низ улиците на Њујорк“, му порача градоначалникот на еден од најголемите градови во САД, Ендрју Куомо, на претседателот на САД.

„Заборавете на телохранителите, подобро би било да има војска, ако мисли дека шета низ улиците на Њујорк“, додаде Куомо, кого го цитираше американската телевизија „Фокс њуз“.

„Тој е персона нон грата во Њујорк и мислам дека го знае тоа и мислам дека никогаш нема да се врати во Њујорк затоа што њујорчани не заборавија колку беше злобен кон нив“, додаде Куомо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени