Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Мариупол: Ќе го преживееме ова, ќе бидеме победници

Градоначалникот на Мариупол: Ќе го преживееме ова, ќе бидеме победници
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Мариупол во јужна Украина изјави дека средата бил најтешкиот ден од руската инвазија поради силното гранатирање и зголемениот број ранети цивили во болниците. Градоначалникот Вадим Бојченко им се обрати на граѓаните на Мариупол и рече дека украинските сили храбро возвратиле на оние кои пукале во куќите.

Тој рече и дека е загрозена критичната инфраструктура во градот и дека граѓаните се без вода и струја.

– А вие, драги граѓани на Мариупол, сте големи херои. Сите ние се бориме за нашата слобода, за нашата земја, за нашиот единствен Мариупол. Ние не напаѓаме никого. Само седиме дома. Тоа значи дека Бог е со нас. Тоа значи дека вистината е со нас. Тоа значи дека победата ќе биде на наша страна – рече тој.

Тој им се заблагодари и на лекарите, на комуналните работници, на украинските вооружени сили и на сите граѓани.

– Заедно навистина ќе го преживееме ова. Ние ќе бидеме победници. Мислам дека го заслужуваме тоа. Ние сме Украинци. Ја сакаме нашата земја. Го сакаме нашиот град. Слава на хероите! Слава на Украина! – додаде тој.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан